Смартфоните се најголеми причинители за сообраќајни несреќи во денешницата – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Смартфоните се најголеми причинители за сообраќајни несреќи во денешницата

Националниот совет за безбедност на САД објави застрашувачки факти за влијанието на смартфоните како причинители на сообраќајни несреќи.

Смартфоните ни овозможија да бидеме поврзани цело време. Сепак, тоа носи сериозни безбедносни ризици доколку некој се обиде да пишува пораки, да прави повици или да управува апликации додека вози.

Покрај тоа што значително придонесуваат за побавно движење на сообраќајот и создавањето гужви, како главни причинители за побавното стартување на семафори и задоцнети реакции при различни ситуации, нивното користење во возење станува животозагрозувачко.

Бројките кои ја откриваат опасноста од користење на смартфон се навистина застрашувачки. Всушност, во секој момент од денот, околу 660,000 возачи се обидуваат да ги користат нивните телефони позади воланот на некој автомобил, само во САД.

Одвлекувањето на вниманието од смартфоните е навистина алармантно високо. Следните бројки се најновите статистики според последните истражувања:

  • Националниот совет за безбедност известува дека користењето на телефон при возење води кон 1.6 милиони сообраќајни несреќи секоја година.
  • 1 од секои 4 автомобилски несреќи во САД се предизвикани од пишување пораки при возење.
  • Пишувањето на пораки при возење е 6 пати почест причинител за сообраќајна несреќа од возењето во алкохолизирана состојба.
  • Одговарањето на текстуална порака ви го одвлекува вниманието за околу 5 секунди. Во патување со брзина од 90 км/ч, тоа е доволно време за да се помине должината на едно фудбалско игралиште.
  • Пишувањето пораки при возење предизвикува 4 пати помала концентрација со очите кон патот.
  • Од секое користење на телефонот, пишувањето пораки е најопасната активност.

Се надеваме дека со малку повеќе информираност, вие ќе ја направите вистинската одлука додека сте на патот и ќе придонесете за подобрување на сообраќајот.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.