Škoda ја најави NEXT LEVEL стратегијата за иднината – Интернационализација, електрифицикација и дигитализација – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Škoda ја најави NEXT LEVEL стратегијата за иднината – Интернационализација, електрифицикација и дигитализација

Škoda го најави својот план за иднината – а тоа значи интензивно посветување кон интернационалниот пристап на брендот, нови електрични модели и најдобро дигитално корисничко искуство на пазарот.

На денешната презентација, извршниот директор на Škoda – Thomas Schafer – најави дека најмалку три нови електрични возила ќе бидат ласирани до 2030, и во однос на димензиите и цената ќе бидат поставени под електричниот Enyaq iV. Сега за сега немаме информации кои и какви ќе бидат, но веќе се шпекулира дека едниот модел ќе биде мал градски електричен автомобил, додека вториот најверојатно би бил електричен еквивалент на супер-популарната Octavia.

Škoda сака да биде во врвните пет производители во Европа, а тоа ќе го постигне преку интензивна офанзива на нови модели, но и продолжување на успешната Simply Clever стратегија. Амбициите се дека до 2030-тата година, меѓу 50 и 70% од продадените нови возила ќе бидат електрични и дека емисиите на CO2 ќе бидат намалени за 50%.

Чешкиот бренд има и три силни цели кои сака да ги достигне – а тоа се EXPAND, односно да биде во првите 5 брендови во Европа по бројка на продадени возила, EXPLORE, односно да ја продолжи експанзијата и да биде водечки европски бренд во Русија, Северна Африка и Индија, но и да преземе повеќе одговорности во VW групацијата.

Конечно, третата цел е ENGAGE, односно да ја продолжи Simply Clever стратегијата во дигиталното време со Simply Clever 2.0. Првиот чекор од оваа стратегија е PowerPass системот за полнење кој ќе биде достапен во повеќе од 30 пазари и ќе овозможи пристап до 210.000 точки за полнење ширум Европа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.