Volkswagen ID.4 е најпродаваниот електричен модел во Април 2021 во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen ID.4 е најпродаваниот електричен модел во Април 2021 во Европа

Продажбите на електрични и хибридни возила значително се зголемија, со што нивниот удел во пазарот се зголеми на 15 проценти во четвртиот месец од оваа година.

На првите две места се најдоа возилата на Volkswagen. Убедливо најбаран електричен модел е новиот ID.4 кој се продаде во 7,367 примероци. Веднаш зад него заврши помалиот брат ID.3,  со продадени 5,765 возила.

Третото место го зазеде освежениот Renault Zoe со регистрирани 4,015 продажби, додека пак електричната верзија на најпродаваниот модел – Peugeot 208 се најде на четвртото место со продадени 3,551 возило.

Во продолжетокот на листата на 10 најпродавани електрични возила завршија и Hyundai Kona, Fiat 500, Kia Niro, Volkswagen Up, Spart Fortwo и Nissan Leaf.

Извор на табелата: @carindustryanalysis



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.