full screen background image
Search

Rolls Royce Boat Tail е најскапиот нов автомобил во светот

Rolls Royce го претстави специјалниот кабриолет Boat Tail, кој чини неверојатни 20 милиони фунти – односно нешто над 23.000.000 Евра!

Ќе бидат направени само три примероци од Boat Tail, а секој од нив е прилагоден на уникатните вкусови на сопствениците. Автомобилот на фотографиите е првиот од трите модели, а неговиот купувач е неверојатно богат клиент кој во моментот на испораката на новиот автомобил реставрирал оргинален Rolls Royce Boat Tail од 1932 година.

Под рачно оформените алуминиумски панели во вид на бродска каросерија се наоѓа Architecture of Luxury алуминиумска платформа, преземена од најновата генерација на Phantom, која се протега во должина од 5800 милиметри. Секој од овие панели е нов, како и супер-тенките LED предни и задни светла.

Во горниот дел на „опашката“ и веднаш под дрвениот фурнир се наоѓаат два фрижидери со специјален сервис за пијалоци од Christofle, до кои се доаѓа преку две врати, што се отвараат како крила на пеперутка.

Кога двете врати се отворени нагоре, двата фрижидери се подигнуваат за 15 проценти за полесен пристап. Пакетот за пикник го надополнуваат карбонските столчиња и сончевиот чадор, кој се издигнува од задниот дел на автомобилот.

Доколку временските услови ви се влошат, а сте го заборавиле цврстиот кров дома, тука е привремена текстилна покривка за да ви обезбеди засолниште кога автомобилот е стациониран додека чекате да преврне.

Под долгиот поклопец се наоѓа познатиот 6.74-литарски твин-турбо V12 агрегат, кој произведува 563 кс. Rolls Royce не ги објави времињата на забрзување од 0-100 км/ч бидејќи единствениот време коe го интересира неговиот купувач било времето измерено од специјалните швајцарски Bovet часовници, вметнати во инструмент панелот.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.