full screen background image
Search

Регулаторна: Сите горива поскапуваат по половина денар

Од Регулаторната Комисија за Енергетика пристигна информација дека од вечерва на полноќ цените на гориват се зголемуваат по половина денар.

Малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.62%, односно ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата поскапуваат по половина денар.

Соодветно на тоа, еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 67.50 денари, еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 69.50 денари, додека еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 60.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.