Кинескиот бренд ORA направи клон на Porsche – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Кинескиот бренд ORA направи клон на Porsche

Електричниот Кинески бренд ORA го претстави концептот Lightning Cat, кој презема дизајнерски елементи од повеќе модели на Porsche.

За разлика од концептот Punk Cat кој многу наликува на класичниот Beetle, вториот концепт Lightning Cat има слични линии и елементи како Panamera, но истите се малку различно распоредени и димензионирани. Сепак, иако има активен спојлер, задниот дел е поразличен од Panamera, бидејќи светлата наликуваат на Volkswagen Beetle.

Уште еден интересен елемент на екстериерот е двобојната каросерија, чии бои странично се поставени во сличен распоред како кај Bugatti Veyron. За разлика од сето ова, концептот е поставен на уникатни конкавни фелни со закривени крави.

Ентериерот на Lightning Cat со својата светло кафеава боја и закосена централна конзола наликува на ентериерот на Porsche Carrera GT, но сепак е направен во многу помодерен дизајн со дигитални инструмент панели и екран за мултимедија.

Концептот на ORA се движи благодарение на пар електрични мотори кои ја испорачуваат силата кон сите четири тркала. Според производителот, серискиот модел на Lightning Cat ќе биде способен да постигне 100 км/ч за само 3.5 секунди.

Се прашуваме кој друг познат автомобил ќе биде следен на ред во „лабораторијата за клонирање“ на ORA и дали тој ќе изгледа подобро или полошо од неговата оригинална инспирација.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.