full screen background image
Search

Ф1: Хамилтон победник на Портимао!

Хамилтон успеа да извојува победа на патеката Портимао овој викенд. Почетокот на трката ветуваше доста интересни претекнувања, особено меѓу Верстапен и Хамилтон. За жал, тоа беше само во првата половина, а втората половина од трката помина во здодевно возење „на темпомат“.

Засега Хамилтон води со две победи спрема Вeрстапен со една, но има и и предност од осум поени во генералниот пласман.

Забележливо беше дека на оваа патека Мерцедес имаа драстично побрз болид од останатите, што му овозможи на Ботас да се пласира на пол позицијата, а потоа и да се качи на подиумот. Сепак и покрај тоа Ред Бул заврши на второто место, лесно одземајќи го местото на Ботас кој спадна на третото место.

Импресивно е колку е голема разликата од двата Мерцедеси и едниот Редбул до останатиот дел на натпреварувачите – повеќе од половина минута. Тоа овозможи кон крајот на трката сите да можат да влезат во боксот за замена на свежи меки пневматици и да се борат за поен плус, преку најбрз круг. Имено најбрз круг имаше Перез, а потоа Ботас влезе да ги замени своите пневматици, па му го презеде најбрзиот круг на Перез. Круг потоа и Верстапен влезе за меки пневматици, па и тој го презема воодството во најбрз круг. Сепак на крајот по интервенција на ФИА тоа му беше одземено.

Перез пак издржа 51 круг на своите медиум пневматици, и одеше со алтернативна стратегија. Доволна за чевртото место. Сепак подиумот беше недостижен за него.

Коментарите на Верстапен за патеката беа – „Патеката има фантастичен изглед и нацрт, но асфалтот е ужасен и го уништува искуството. Многу е непредвидливо држењето на болидот.“

Автор: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.