ПРЕМИЕРА: Mercedes го претстави новиот електричен кросовер EQB – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Mercedes го претстави новиот електричен кросовер EQB

Германскиот производител ја претстави целосно електричната варијанта на GLB на овогодишниот автомобилски саем во Шангај, покрај иновативниот електричен луксузен седан EQS.

Mercedes ја откри верзијата наменета за Кинескиот пазар, но наскоро ќе ја претстави и Европската верзија која ќе се произведува во фабриката во Унгарија.

Претставениот примерок на EQB е опремен со врвното AMG Line ниво на опрема во издание со сила од 288кс. Mercedes ќе го понуди новиот EQB во неколку различни конфигурации: со погон на предните и погон на сите тркала, како и различни нивоа на сила и големини на батериите, започнувајќи од 66.5 киловат-часа.

Во Европа, моделот EQB 350 4Matic ќе нуди опсег од 419 километри, а во блиска иднина ќе биде претставена и верзија со значително поголем опсег. Новиот EQB ќе доаѓа сериски опремен со onboard полнач од 11 киловати, како и можност за полнење до 100 киловати на DC станица за брзо полнење.

Новиот Mercedes EQB го задржува истото меѓуоскино растојание како GLB, што значи дека просторот во кабината е идентичен со моделот на кој е базиран.

Што се однесува до изгледот, тој е редизајниран во типичниот стил за електричните модели на Mercedes. EQB се разликува од GLB благодарение на црната контура, во која се сместени маската и LED светлата на предниот дел, како и повеќето црни пластични елементи на предниот и задниот браник.

Од позади се забележуваат слеани задни светла, кои се протегаат низ целата ширина, а регистарската табличка е префрлена подолу на браникот. Новиот дизајн на фелните доаѓа во големина од 20 инчи, а може да се добие со розе-златна или сина позадина.

Ентериерот е речиси ист како кај GLB, со исклучок на новиот тапацир и изменетите бои. Во зависност од нивото на опрема, тој може да се добие со розе-златни декоративни елементи на отворите за вентилација, седиштата и клучот, додека пак двојните екрани имаат нов „електричен“ интерфејс.

Мултимедијалниот MBUX систем е сериски опремен со Навигација со Електрична Интелигенција. Системот го пресметува најбрзиот пат до дестинацијата, а истовремено ги зема во предвид неопходните станици за полнење, топографијата и временските услови.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.