ПРЕМИЕРА: Seat ја претстави и обновената Arona – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Seat ја претстави и обновената Arona

Шпанскиот бренд ја претстави обновената Arona, која покрај новиот ентериер доаѓа и со редизајниран екстериер.

Започнувајќи од надвор, Arona добива нова поголема предна решетка, целосни LED светлосни групи и редизајниран браник со повеќе отвори за воздух и репозиционирани светла за магла.

На задниот дел светлата добиваат минимално изменета форма, нов фонт на ознаката Arona, како и редизајниран браник со поагресивен дифузер.

Кабината е идентична со Ibiza, и е значително обновена со нов инструмент панел во дводелен дизајн, а тука е и нова централна конзола. Мултимедијалниот систем е прикажан на серискиот 8.25-инчен екран, кој може да биде заменет со поголем 9.2-инчен кај повисоките нивоа на опрема.

Зборувајќи за нив, моделите од нивоата FR Sport и Xperience ќе бидат опремени со 10.25-инчни дисплеи за прикажување на брзиномерот. Новите отвори за имаат вградено амбиентално осветлување, чија боја зависи од нивото на опрема.

Покрај визуелните новитети, Arona добива и нови технологии како Travel Assist, кој ја комбинира Lane Assist функцијата со адаптивниот темпомат за полу-автономно возење. Тука се исто така и системите како Side Assist, порепознавање на сообраќајни знаци и помош при паркирање.

Палетата на мотори се состои од 1.0-литарски три-цилиндaрски бензински агрегат со сила од 95 кс и 175 Nm вртежен момент, поврзан со пет-степен рачен менувач кај најосновниот модел.

Поопремените модели можат да се добијат со истиот мотор, но зголемена сила на 110 кс и 200 Nm вртежен момент, во избор со шест-степен рачен или седум-степен DSG менувач.

На врвот на гамата се наоѓа 1.5-литарски четири-цилиндарски турбо-бензинец кој испорачува 150 кс и 250 Nm вртежен момент.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.