full screen background image
Search

Skoda ги објави првите скици од освежениот Kodiaq

Skoda се подготвува да го претстави фејслифтираниот Kodiaq, а како најава ги објави првите скици од освежувањето на големиот SUV.

На првата скица го гледаме редизајнираниот преден дел – покрај новиот поклопец на моторот, Kodiaq добива и редизајнирана решетка, потенки предни светла и редизајнирани отвори за воздух.

Втората скица е од редизајнираните предни светла и на нив препознаваме два LED модули поставени еден врз друг – и на тој начин формираат препознатлив светлосен потпис. Третата скица е од острите задни светла кои сега се потенки и всушност се соодветен „одговор“ на редизајнираните предни светла.

Kodiaq е навистина успешен модел за Skoda – досега се продадени преку 600.000 примероци, а големиот SUV се нуди на 60 пазари ширум светот. Светската премиера на освежениот Kodiaq e закажана за 13ти Април.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.