McLaren 720S GT3X носи ново ниво на тркачки перформанси – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

McLaren 720S GT3X носи ново ниво на тркачки перформанси

Новиот 720S GT3X претставува што може McLaren да направи од тркачки автомобил – доколку не постојат никакви регулативи!

Како што навестува името, тој е базиран на тркачкиот модел 720S GT3, кој се натпреварува во повеќе тркачки серии низ светот. Модификациите што го претвораат во GT3X започнуваат со 4.0-литарскиот твин-турбо V8 агрегат кој сега испорачува 200 кс повеќе од „стандардниот“ тркач, или поточно 710 кс, што е исто како серискиот модел, иако таа бројка скокнува за дополнителни 30 кс кои се активираат на копче.

За да ја добие дополнителната сила, McLaren инсталирале поголеми турбополначи, поголеми издувни грани и редизајнирана глава на моторот, кој се произведува рачно. Тука е исто така и надграден систем за ладење, со цел да се обезбеди дека автомобилот ќе може да издржи долгоорочно жестоко возење на тркачките патеки, без притоа да изгуби дел од своите перформанси.

Како база на GT3X е поставена истата карбонска MonoCage II монокок шасија како серискиот модел 720S и стандардниот GT3. Благодарение на изменетиот заштитен кафез, GT3X ќе може да се нарача со опционално совозачко седиште, кое не е достапно кај тркачкиот автомобил GT3.

Очигледно е дека се направени и повеќе аеродинамички модификации, вклучувајќи го монтирањето на масивниот заден спојлер, нови крилца на предниот браник, издаден преден сплитер, како и изменет заден дифузер.

McLaren тврди дека автомобилот е значително побрз околу тркачка патека од норманиот 720 S GT3, но сепак не објави никакви бројки.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.