Што се подготвува да претстави Toyota? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Што се подготвува да претстави Toyota?

Од Toyota пристигна најава – следната седмица ќе го претстават X Prologue концептот. Но што ќе биде?

Сега за сега немаме апсолутно никакви дополнителни информации – само ја имаме оваа фотографија од концептот и знаеме дека концептот ќе се вика X Prologue. Сепак, со некаква сигурност можеме да шпекулираме дека се работи за некаков електричен автомобил, најверојатно некаков кросовер.

Премиерата е закажана за 17-ти Март, па останува само да почекаме за да видиме што подготвува јапонскиот гигант.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.