full screen background image
Search

Alpine го претстави новиот болид за 2021 година

Alpine го разоткри новиот Формула 1 болид за 2021 година, кој е декориран во боите на Француското знаме.

Alpine доаѓа како нов учесник во Формула 1, но производителот на спортски возила има долга историја во мотоспортот. Спортските автомобили базирани на Renault имаат триумфирано на десетици трки и рели шампионати во 1960те и 1970те, пред да згасне како бренд.

Renault го реинкарнираше Alpine во 2017 со моделот А110, а сега му ја подава штафетата за да го продолжи нивниот поход во врвот на мотоспортот. Тимот на Alpine е всушност истиот тим на Renault кој заврши на петтата позиција во минатата година, а болидот Alpine A521 е еволуција од минатогодишниот модел Renault RS20.

Оваа година Alpine ќе биде единствениот тим кој ќе учествува со мотори на Renault, бидејќи McLaren се врати на погонските единици на Mercedes. Комбинацијата од сина, црвена и бела боја му даваат многу различен изглед од минатогодишниот претходник, но тоа не е единствената работа која е променета.

Поставата на возачи е исто така нова. Даниел Рикардо премина во McLaren, а на неговото место покрај Естебан Окон ќе пристигне дво-кратниот Формула 1 шампион Фернандо Алонсо.

Шпанецот беше Формула 1 Шампион со Renault во 2005 и 2006 година, додека во 2007 заврши на третата позиција како дел од тимот на McLaren. Тој исто така три години заврши втор позади Себастијан Фетел, но никогаш не го повтори раниот успех и беше отсутен од Формула 1 две години.

Сепак, негото отсуство од најпознатата тркачка серија му донесе друг вид на победи. Алонсо беше дел од победничкиот тим на Toyota на 24 часа Ле Ман во 2018 и 2019, триумфираше на 24 часа Дајтона во 2019 и беше Светски Шампион во издрливост истата година.

Поврзано:   Renault ја претстави новата, радикална Renaulution стратегија за трансформација на брендот!


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.