full screen background image
Search

Peugeot го претстави Новиот Лав – новиот корпоративен идентитет!

Откако минатата година ја прослави 210-годишнината, Peugeot продолжува забрзано да чекори кон иднината и денес го претстави својот нов корпоративен идентитет.

Linda Jackson, новата претседателка на Peugeot гордо изјави дека движењето на францускиот бренд кон премиум сегментите е резултат на неуморната работа и јасната визија. Додаде дека времето е од исклучителна важност и дека желбата на Peugeot е времето поминато заедно, да го траснформира во квалитетно време. Како пример за тоа го истакна i-Cockpit, кој е замислен да понуди уникатно возачко искуство – искуство кое чекор по чекор, Peugeot го воведе во сите свои модели.

Амбициите за електрификација имаат свој огромен удел, секако. Peugeot планира целосна електрификација до 2025, како и понатамошно движење нанапред и нагоре. Целта е да се постигне чувство на добросостојба на купувачите во рамките на целиот процес. Денес го гледаме првиот директрен резултат на ова движење на Peugeot – новиот лав, новото лого на Peugeot!

Новото лого истовремено оддава почит на наследството на Peugeot и гледа кон иднината. Според Peugeot, прецизноста и деталите ги истакнуваат врвните таленти на дизајнерите на брендот, но и прецизноста и иновативната природа на францускиот бренд. Остриот и препознатлив дизајн го прават да биде срце на премиум движењето во рамките на брендот. Секако, сето ова е дополнето со остра и прецизна типографија каде минимализмот има препознатлива улога – и навистина, нам ни изгледа одлично!

Првиот автомобил кој ќе го носи новото лого ќе биде новиот 308, кој најавија дека ќе биде претставен за само неколку дена. Peugeot ни овозможи да видиме неколку ситни детали од новиот 308 преку тукушто-најавената кампања Lions of Our Time – односно Лавови на Нашето Време. Ќе бидеме трпеливи уште малку – но навистина сме возбудени за новиот 308!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.