ПРЕМИЕРА: Citroën го претстави електричниот ë-Berlingo – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Citroën го претстави електричниот ë-Berlingo

Семејниот, повеќенаменски и електричен Citroën ë-Berlingo може да има седум седишта и да помине до 280 километри со полни батерии!

Како што и самиот префикс „е“ пред името кажува, ова е електричната изведба на новиот Citroën Berlingo. Новиот ë-Berlingo ја користи добро-познатата платформа која се користи и кај други модели на брендот (и која неодамна ја видовме кај комерцијалниот e-Berlingo Van). Оваа платформа користи литиум-јонска батерија со капацитет од 50 kWh, како и електромотор кој испорачува 136 коњски сили и 260 Nm вртежен момент.

Според строгите WLTP мерења, ова значи дека ë-Berlingo може да помине до 280 километри со полни батерии. Доколку имате засебен домашен полнач со моќност од 7 kW, батериите ќе се наполнат за околу 7.5 часа. Со пристап до доволно моќен полнач од 100 kW, ниво на наполнетост од 80% ќе достигнете за само 30 минути.

Инаку, исто како и регуларниот Berlingo, и електричниот ë-Berlingo е супер-практичен. Ќе биде достапен во две варијанти – Medium и XL. Medium е долг 4.4 метри, додека ë-Berlingo во XL варијанта е долг 4.75 метри. Поголемата варијанта ќе може да се нарача и со седум седишта. Багажниот простор е импресивен – на располагање ќе имате 775 литри кај М, односно 1050 литри кај XL, а поголемата верзија има вкупен капацитет од (искрено, пештерски) 2126 литри!

На возачите им се достапни неколку различни режими на возење – Eco, Normal и Power. Во зависност од одбраниот режим, моторот ќе испорачува 60, 80 или 100 kW. Дополнително, кабината добива модерен, 8-инчен мултимедијален уред со засебен Energy приказ, лесно интегрирање со мобилен телефон, а достапен ќе биде и 10-инчен дигитален дисплеј пред возачот, хед-ап дисплеј, камери и сензори и многу, многу повече. Ќе ја истакнеме и Modutop полицата која го прави ë-Berlingo уште попрактичен.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Citroën ги објави првите фотографии и детали од целосно-новиот C3 Aircross

Електричниот ë-Berlingo ќе пристигне во салоните на Citroën во втората половина од оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.