Утринска Гимнастика: BMW M3 се лизга на снежната тркачка патека Јарама – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: BMW M3 се лизга на снежната тркачка патека Јарама

Кога минатиот месец Мадрид беше покриен со најголемиот снег во последниве 50 години, Шпанскиот огранок на BMW реши да го искористи тоа со ослободување на новиот M3 на тркачката патека Јарама.

Наречено „pura adrenalina“ или во превод чист адреналин, една минута долгото видео го прикажува спортскиот седан како ја напаѓа тркачката стаза покриена со снег, со професионален возач позади воланот.

Погонуван од 3.0-литарски твин-турбо агрегат со шест цилиндри во линија, M3 Competition располага со 510 кс и 650 Nm вртежен момент. Тој е способен да забрза од 0-100 км/ч за 3.8 секунди, а со опционалниот M Driver’s пакет неговата максимална брзина изнесува 289 км/ч.

Овие перформанси се повеќе од доволни за да му овозможат на спортскиот седан забавни пролизгувања на секоја снежна подлога. Сепак, најбезбедно е кога тоа се прави на тркачка патека.

Погледнете го видеото и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.