Освежениот Peugeot 3008 може да се нарача со турбо-бензинец, турбодизел или хибриден погон! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежениот Peugeot 3008 може да се нарача со турбо-бензинец, турбодизел или хибриден погон!

Освежениот SUV на Peugeot неодамна пристигна и кај нас, а денес ја добивме и потврдата дека може да се нарача со сите достапни погонски опции!

Како што веќе најавија од Peugeot, и на нашиот пазар на клиентите им се обезбедува „Моќта на Изборот“, односно #PowerOfChoice – па освежениот француски SUV можат да одберат меѓу верзија со мотор со внатрешно согорување – со PureTech турбо-бензинец или BlueHDI турбодизел – или пак современ Plug-In хибриден погон.

Со неодамнешното освежување, 3008 добива и затегнат дизајн, како и нови технологии. Исто како и другите нови модели на Peugeot, и освежениот 3008 наметнува моќ и префинетост, а редизајнираниот преден дел нуди уште повпечатлив идентитет. Кабината ја добива најновата генерација на i-Cockpit системот на францускиот бренд, а новиот 10-инчен мултимедијален уред има овозможува и гласовни команди, како и multi-touch интеракција.

За прв пат Peugeot 3008 добива и Night Vision технологии – при ноќно возење, инфрацрвената камера детектира присуство на пешаци или животни и тоа до 200 метри пред возилото.

Плаг-ин хибридните верзии добиваат и специјално прилагоден PEUGEOT i-Cockpit® со дисплеј кој овозможува прегледност на специфичните информации за возење на иструмент таблата – режим на возење, електричен мерач на нивото на полнење и преостанат електричен опсег, но и на централниот екран каде ќе можете да добиете статистика за потрошувачка на енергија (електрична и гориво).

Од Еуроимпекс кажуваат дека новиот Peugeot 3008 означува почеток на нова смела ера на современост! Доколку сакате подобро да го запознаете новиот 3008 и самите да бидете дел од ова искуство, можете online да побарате понуда. Повеќе информации можете да добиете на официјалната веб-страница.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.