Пристигна новата Porsche 911 Targa! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна новата Porsche 911 Targa!

Пристигнатиот примерок е 911 Targa 4 – да, со оној Transformers кровот – со 385 коњски сили и погон на сите четири тркала, кој катапултира до 100 километри на час за само 4.2 секунди!

Стандардната 911 Targa 4 забрзува до 100 километри на час за 4.4 секунди, но благодарение на Sport Chrono пакетот, тука тој спринт е скратен на 4.2 секунди, а максималната брзина е 289 километри на час.

Силата доаѓа од одличниот 3-литарски твин-турбо боксер со шест цилиндри кој испорачува 385 коњски сили и 450 Nm вртежен момент кон сите четири тркала преку PDK менувач со двојна спојка.

Сепак, главниот збор го има токму оној спектакуларниот, Transformers кров – кој овозможува цврста покривка кога ја сакате, односно возење под отворено небо кога условите ќе го дозволат тоа. И навистина – нема потреба од повеќе. Уживајте во фотографиите!

Напомена: Иницијално беше наведено дека се работи за Targa 4S, а всушност автомобилот е Targa 4. Се извинуваме за ненамерната грешка. :)



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.