Нашите пријатели од Porsche Македонија деновиве го одбележуваат својот 15-годишен јубилеј на македонскиот пазар.
Од Порше Македонија се особено горди на успехот – и има зошто да бидат. Кажуваат дека „Оваа година одбележува 15 години од почетокот на работењето на Порше Македонија. Она што започна како голема амбиција и неколку луѓе, 15 години подоцна се разви во лидер на пазарот со повеќе од 100 посветени вработени.“
На нашиот пазар, Порше Македонија е застапник за брендовите на Volkswagen групацијата – Porsche, Volkswagen, Audi, Skoda, Seat и VW Комерцијалните возила. Порше Македонија е присутна на нашиот пазар од крајот на 2005 година, и е единствениот импортер во државата во директна сопственост на производителот на автомобилите – Volkswagen AG
Од Порше Македонија додаваат дека оваа година е година на криза, но и година на можности. „Тешките времиња се дел од животот, но по секој предизвик, излегуваме посилни од порано. Ние веруваме дека оваа криза наскоро ќе заврши, а најдобриот начин да ја надминеме е да се фокусираме на луѓето. Затоа што луѓето се тие што носат успех.“ – кажуваат од Порше МК.
На самиот крај, кажуваат дека се посветени на постигнување на максимално задоволство на клиентите – но за да има задоволни клиенти, мора да има и задоволни вработени. Додаваат дека наместо голема прослава, ќе ја искористат креативноста за да оддадат чест на секој вработен, бидејќи и покрај тоа што оваа година е тешка, сепак 15-годишниот успех треба да биде прославен.
Ние се надоврзуваме на честитките, и на пријателите од Порше Македонија им го честитаме јубилејот. Им посакуваме уште многу успех и долгогодишна соработка!