Патуваме со Škoda – Низ Македонија со Škoda Scala, Octavia и Kodiaq! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Патуваме со Škoda – Низ Македонија со Škoda Scala, Octavia и Kodiaq!

Од Porsche Македонија порачуваат дека авантурите започнуваат од првиот колметар и дека приказните се создаваат со најблиските – и токму затоа нè покануваат да им се придружиме на нивните патувања низ урбаниот метеж, преку планинските предели па сè до охридското крајбрежје – и тоа со Scala, Octavia и Kodiaq!

Škoda Scala низ урбаната Џунгла на Скопје

Како што начинот на живот го создава и дефинира Вашиот стил, така новата Scala перфектно се вклопува во урбаната џунгла. Практичните елементи и димензија, комфорот и прегледноста, како и високото ниво на технологија ги поставуваат параметрите на идеалното возило во секојдневието. Дизајн кој се разликува, останува секогаш забележан.

Škoda Octavia на охридското крајбрежје

Сите семејни доживувања започнуваат со Octavia. Спакувајте сѐ што е потребно и семејната авантура може да започне.

Безкомпромисна практичност и удобност во возењето на сите патници ги прави сите патувања до Вашите омилени викенд прибежишта извонредно пријатни. Патуваме со новата Octavia.

Škoda Kodiaq низ планинските предели

Патувањата до посакуваните дестинации со моќниот Kodiaq се едноставно достижни за Вас и целото семејство. Врвната практичност во комбинација со напредната технологија, ги прават и најнедостижните места лесно достапни. Во боите на есента – патуваме со Kodiaq.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.