Porsche Vision 920 е несудениот наследник на 919 Hybrid – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche Vision 920 е несудениот наследник на 919 Hybrid

Прикажан во новата „Porsche Unseen“ книга на производителот, Vision 920 е тркачки автомобил во издржливост од новата ера.

Кога Porsche објави дека се повлекува од светскиот шампионат во издржливост и ќе го повлече успешниот 919 Hybrid во корист на Formula E, мотоспортот остана без еден од најславните тркачки автомобили.

Сепак, иако Porsche го напушти LMP1 тркањето, нивниот дизајнерски тим замисли како би изгледал негов иден наследник доколку тие се предомислат и се вратат во шампионатот.

Според Германскиот бренд, Vision 920 е дизајниран и како спортски автомобил за патиштата и како тркачки модел кој би се користел во тркачка серија на производителот. Најизразени одлики се извајаната каросерија со аеродинамични елементи во црвена, црна и бела боја.

На предниот дел забележуваме пар тенки LED светла и големи отвори за воздух на големиот тркачки сплитер. Тука е видлива и предната суспензија, а исто како 919 Hybrid, така и Vision 920 има мала кабина со централна возачка позиција.

Концептот има перка како на Ајкула на покривот, која обезбедува подобра стабилност при високи брзини.

Во стилот на тркачките автомобили во издржливост, поклопецот на моторот е долг и ниско поставен, а задните светла се во вид на хоризонтална LED светлечка лента, под која се наоѓа дифузер и отворен простор за ладење на сопирачките.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.