full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Audi го претстави новиот, подинамичен SQ2

Audi SQ2 и понатаму користи 2-литарски турбо-бензинец со 300 коњски сили, но со освежувањето добива затегнат дизајн и нови, напредни технологии.

Како и досега, Audi SQ2 ја користи добро-проверената формула – 2-литарски TFSI турбо-бензинец со 300 коњски сили и 400 Nm вртежен момент, 7-брзински S-Tronic менувач со двојна спојка и quattro погон на сите четири тркала. Резултат на сето тоа? „Стотка“ за 4.9 секунди и максимална брзина од 250 километри на час.

Сепак, тоа не значи дека Audi не треба да го освежи популарниот динамичен SUV – па SQ2 добива нова, пониска Singleframe маска, нови Matrix LED предни светла, LED светла на задниот дел, нови куќишта за страничните ретровизори, нов заден спојлер, нов редизајниран заден браник и уште неколку други детали.

Кабината добива спортски седишта, спортски мултифункционален управувач, нов Audi Virtual Cockpit со Sport дисплеј, нов MMI Navigation Plus или Audi Connect Services со LTE поврзување, Android Auto и Apple CarPlay, како и моќен Bang & Olufsen аудио уред.

Да напоменеме дека SQ2 сега е и уште побезбеден – стандардно ќе го добие Pre-sense системот за безбедност, но и напреден адаптивен темпомат кој овозможува автономно забрзување, намалување на брзината и одржување на коловозната лента.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.