Porsche Boxster Bergspyder е визија за насленик на 909 Bergspyder – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche Boxster Bergspyder е визија за насленик на 909 Bergspyder

Porsche го претстави Boxster Bergspyder, создаден во 2014 година и инспириран од историскиот тркачки автомобил на ридско-брзински патеки.

Оргиналниот 909 Bergspyder e екстремно лесен тркачки автомобил, со тежина од само 384 килограми, што го прави најлесниот автомобил што го има произведено Porsche во целата историја.

Новиот прототип Boxster Bergspyder е базиран на 981 Boxter. Иако не е толку лесен како историскиот модел, тој е прилично лесен за денешни стандарди со неговите 1,130 килограми.

Се разликува од стандардниот Boxter благодарение на ниското ветробранско стакло, специјалниот заштитен кафез, инструментите од 918, едното место за седење и просорот за кацига на местото каде вообичаено седи совозачот.

Каросеријата е обоена во бела боја и украсена со зелени ленти, шаховски знамиња и детали, а тука се и црни тркала, зелени капаци на сопирачките, како и волан од алкантара.

Неговата сила доаѓа од 3.8-литарски агрегат со 287 кс преземен од Cayman GT4, што придонесува за однос на тежина наспроти сила од импресивни 2.8 килограми на една коњска сила. Резултатот од ова е забрзување од 0-100 км/ч за само 4 секунди.

 



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.