Porsche го објави концептот кој имаше најголема улога во развивањето на електричниот Taycan.
Иако gерманскиот бренд се приклучи во електричната „битка“ дури минатата година, приказната за потеклото на Taycan започнува од поодамна.
Сè започнало кога главниот дизајнер Михаел Мауер видел скица од хибридниот хиперавтомобил 918 и за момент му заличило дека нема две, туку има четири врати. Оваа идеја била преточена во дизајнот на каросеријата на Vision Turismo Concept.
Иако дизајнот бил речиси завршен, тие требале да одлучат дали да вградат мотор кој ќе биде поставен во задниот дел пред или позади задната оска. Сепак, тие се одлучиле дека целосно-електричен погон бил најадекватен.
Покрај тоа што го инспирирал моделот Taycan, концептот исто така развил неколку дизајнерски елементи кои биле искористени кај други сериски модели од гамата, како на пример задните светла што се речиси идентични со оние на актуелниот Cayenne.