Новиот Peugeot Partner е достапен во 2.1.0 Let’s Go! кампањата на Peugeot – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Peugeot Partner е достапен во 2.1.0 Let’s Go! кампањата на Peugeot

Како дел од 210-годишнината на брендот, Peugeot подготви нова, специјална понуда за комерцијалната гама на возила.

„2.1.0 Let’s go! На твоја страна. Секогаш со тебе!“ е слоганот кој се користи за оваа кампања, а целта е да се поврзе со јубилејот на Peugeot, но и да се потврдат верноста и исполнителноста на моделите кон своите клиенти низ годините.

Како еден од најстарите автомобилски брендови, Peugeot од секогаш се стремел кон задоволување на потребите на индивудуалецот. А бидејќи секој бизнис има свои потреби, и бидејќи целта е да се задоволат специфичните потреби на клиентите – од корисник на возилото, па сè до менаџери на возен парк – комерцијалната гама на Peugeot нуди различни верзии од моделите Partner, Expert и Boxer, прилагодливи на барањата на клиентот.

Секој трговец, менаџер или вработен во големо или мало претпријатие кој има потреба од комерцијално возило, може да се обрати во Еуроимпекс или кон овластената дилерска мрежа низ земјава, кои ќе креираат понуда која најдобро одговара на конкретните барања.

Информативната пресметка која е формирана во моментов се заснова на конкретен пример за Comfort ниво на опременост и 1.5 BlueHDi мотор со 75 коњски сили, е следната:

Peugeot Partner 1.5 BlueHDi / 75КС – Comfort ниво на опременост
Цена:11.822€ или 730.600 мкд (вредноста не е со вклучен ДДВ)

  • Учеството изнесува 3.100€ или 191.580 ден.
  • Годишната фиксна каматна стапка за финансирање во ЕУР е 5,5%, каматна стапка за правни лица.
  • Плаќањето се врши на 84 рати
  • Месечната рата која не вклучува ДДВ изнесува 136€ или 8.405 ден.
Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Peugeot го претстави новиот, голем E-5008!

Напомена: Вредностите во пресметката се однесуваат преку Шпаркасе лизинг, искажани се со валута ЕУР, но ќе се пресметуваат во денарска противвредност.

Комерцијалните возила Partner, Expert и Boxer се возила за сечии потреби, создадени од професионалци за професионалци. За повеќе информации посетете ги продажни салони во Еуроимпекс и дилерската мрежа или контактирајте ги преку следниов линк: https://peugeot.mk/tovarna-gama

Извор: PR Peugeot



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.