Корејскиот бренд се подготвува за вистинска офанзива со новиот Tucson, а дел од таа офанзива ќе биде и спортски-настроениот Tucson N Line.
Откако неодамна ни го покажа целосно-новиот Tucson, Hyundai сега ни го најавува неговото подинамично, N Line издание.
Сега за сега немаме никакви информации околу механичките измени кај Tucson N Line, но затоа препознаваме козметични измени – нов преден браник со подлабок отвор на маската на ладилникот, поагресивни светла за магла, поголем заден дифузер и поагресивен браник, овални завршетоци на издувниот систем и уште неколку други модификации.
Секако, тука се и поголемите тркала како и очекуваните N Line значки. Сè на сè, оваа верзија изгледа навистина интересно и ја нагласува амбицијата на Hyundai да има спортски (или спортски-настроени) верзии од сите свои модели. Корејскиот бренд веќе нуди N Line изведби на неколку модели, нуди моќни N изданија од i20 и i30, а веќе се најавени и потврдени Elantra N и Tucson N.
Одлични амбиции, нели?