ПАНОРАМА: GAZ Gazelle Business Double Cab 4×4 е робустен и издржлив соработник – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПАНОРАМА: GAZ Gazelle Business Double Cab 4×4 е робустен и издржлив соработник

Комбинацијата од шест седишта, погон на сите четири тркала, огромна носивост и издржлив турбодизел би требало да го направи рускиот комерцијален теренец навистина интересен.

GAZ Gazelle е од една страна сосем различен од она кое сме навикнати да го гледаме на нашите улици, но од друга страна е интересен за оние купувачи кои бараат доверлив, издржлив, робустен и достапен соработник.

Големиот Gazelle користи 2.8-литарски, 4-цилиндерски турбодизел од Cummins кој испорачува 120 коњски сили и 270 Nm вртежен момент, кој пак му овозможува на рускиот комерцијален теренец да пренесе до 1200 килограми во товарниот простор. Истовремено, просечната потрошувачка според официјалните податоци е 9.8 литри дизел на 100 изминати километри.

Силата ја пренесува примарно кон задните тркала, но механичката склопка овозможува пренесување на силата и кон предните тркала за да се добие 4х4 погон. Благодарение на одличното растојание од подлогата, дури и при целосно натоварено возило, Gazelle може да совладува и теренски предизвици, и да се користи онаму каде конвенционалните комерцијални возила не можат да стигнат.

Дури и кога е целосно натоварен, Gazelle има минимално растојание од 190 милиметри под предната и задната оска, а при целосна натовареност може да се искачува на агол до 30%.

Кабината иако има само две врати, може да собере вкупно шестмина – возачот и уште петмина. Доколку одберете возило во Business ниво на опрема, ќе добиете и радио со USB, клима уред, дополнителен греач за задните седишта, заштитен елек, алуминиумски товарен сандак, ABS и EBD и уште неколку други додатоци.

Погледнете ги нашите фотографии од GAZ Gazelle, а за повеќе информации за рускиот комерцијален теренец обратете се кај нашите пријатели од GAZ.mk.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.