full screen background image
Search

Peugeot e-208 е прогласен за „Мал Електричен Автомобил на Годината“ според What Car

Електричниот Peugeot e-208 го освои престижното признание од британскиот What Car? во категоријата „Мал Електричен Автомобил на Годината.“

Новиот PEUGEOT e-208 Allure Premium е прогласен за „Мал Електричен Автомобил на Годината“ на инаугуративниот “What car?”. Меѓу другите, Peugeot e-208 победи голем број ривали за титулата 0 вклучувајќи ги Honda E и Renault Zoe.

Ова не е прва победа за 208 – новите Peugeot 208 и е-208 беа прогласени за Европски Автомобил на Годината за оваа година. Сепак, членовите стручното жири на What Car беа импресионирани од пристапот на Peugeot – односно, можноста секој купувач да го одбере своето Peugeot и да го одбере и погонскиот систем – бензински, дизел или електричен. Дополнително, го пофалија и впечатливиот ентериер со најновиот Peugeot 3D i-Cockpit, како и многуте технологии и безбедносни карактеристики. Дополнително, високи оценки добија и комфорната суспензија, како и практичната автономија од 340 километри на електрична енергија кај новиот е-208.

Ние веќе го возевме новиот електричен Peugeot e-208 и самите се уверивме во практичноста и леснотијата на возење електрично возило во вистинскиот свет. Погледнете го нашиот тест тука.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.