Mercedes-Benz се откажува од мануелните менувачи – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz се откажува од мануелните менувачи

Markus Schaefer од Mercedes-Benz потврди дека германскиот производител ќе ги елиминира мануелните менувачи од понудата, но и дека ќе ја намали гамата на мотори со внатрешно согорување.

Германскиот луксузен бренд ја забрзува трансформацијата и електрификацијата, а како дел од процесот на намалување на трошоците, потврди дека ќе ги елиминира мануелните менувачи, дека ќе ги намали традиционалните погони во понудата и дека ќе ја намали бројката на платформи кои ги користи за своите автомобили.

Елиминирањето на мануелните менувачи е помалку или повеќе очекуван потег на Mercedes-Benz. Сè повеќе и повеќе купувачи одбираат автоматски менувач, а и понудата на модели со мануелни менувачи се намалува. Всушност – последниот автомобил кој Mercedes-Benz го продал во САД со мануелен менувач бил во 2015.

Дополнително, намалувањето на трошоците ќе биде и преку намалаување на достапните традиционални мотори со внатрешно согорување. Од Mercedes-Benz кажуваат дека „инвестирањето во развој на мотори со внатрешно согорување брзо ќе се намали“ – според плановите, дури 70% од варијантите на мотори со внатрешно согорување ќе бидат елиминирани до крајот на оваа декада. Секако, ова ќе биде во согласност со намалувањето на различните платформи кои Mercedes-Benz ги користи – а ова веќе го гледаме со новата A-Class, чија платформа се користи за грст различни модели.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.