full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Hyundai го претстави освежениот i30 N – кој сега добива супер-напреден DCT менувач.

Новиот Hyundai i30 N е побрз, помоќен и полесен, но добива и модерен автоматски менувач со двојна спојка!

Еден од најинтересните жешки хечбек автомобили на пазарот доби свое освежување – и сега е уште поинтересен за љубителите на спортско возење. Добива затегнат дизајн (кој ги следи насоките на неодамна-освежениот i3o), нови 19-инчни тркала, N Light спортски седишта кои ја намалуваат тежината, а спортскиот хечбек добива и помодерни безбедносни системи и надградени системи за поврзување. Достапни се седум бои и стандардно ќе го добиете i30 со 18-инчни тркала. Одберете го Performance пакетот и ќе добиете 19-инчни тркала, помоќни сопирачки и зголемена моќност.

Зголемена моќност? Да, i30 N стандардно доаѓа со 250 коњски сили и мануелен менувач, а доколку сакате повеќе сила можете да го нарачате Performance пакетот кој ги „навртува“ коњските сили на 280, а и вртежниот момент расте од 353 Nm на 392 Nm. Подбрено е и забзрувањето – минатиот i30 N со Performance пакет забрзуваше до 100 километри на час за 6.1 секунда, а сега му требаат само 5.9.

Вистинскиот новитет е целосно новиот N DCT автоматски менувач со двојна спојка. Менувачот има неколку интересни функции – N Grin Shift системот кој овозможува overboost на турбополначот, N Power Shift овозможува поагресивно менување на брзините, а N Track Sense Shift самиот препознава кога автомобилот се вози подинамично и соодветно го прилагодува менувањето на брзините.

Продажбата ќе започне на почетокот на следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.