Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи дека од вечерва на полноќ цените на бензините ќе се зголемат по половина денар, но цената на дизелот ќе остане непроменета.
Во согласност со методологијата за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 0.52%.
Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат по половина денар, и еден литар од овие горива ќе чини 60.00, односно 62.00 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото не се менува, па еден литар дизел гориво и понатаму ќе чини 52.00 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат до следната пресметка.