Корејскиот бренд објави неколку фотографии од спортската верзија на Elantra – која ќе ја носи ознаката N-Line.
Hyundai веќе има неколку N-Line продукти – веќе ги нуди i10, i30 и популарниот Tucson во N-Line изведби, а наскоро во понудата ќе биде додадена и N-Line верзија на новата Elantra.
Elantra N-Line ќе добие редизајнирана предна маска, нови отвори за воздух на предниот браник, големи 18-инчни тркала, странични прагови, нови странични ретровизори, заден дифузер како и нов заден спојлер. Ќе добие и помоќни сопирачки, како и N-Line значки. Секако, тука се и црвените N-Line детали на екстериерот и во кабината, кои се своевиден заштитен знак на N-Line моделите на Hyundai.
Сега за сега не се потврдени моторите со кои ќе може да се комбинира N-Line пакетот, но одлично би одговарал некој турбо-бензинец со околу 200 коњски сили, нели?