Реакција од Макпетрол во однос на акцизите за екстра-лесното гориво – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Реакција од Макпетрол во однос на акцизите за екстра-лесното гориво

Од Макпетрол пристигна реакција во однос на пониската акциза на екстра-лесното гориво.

Од Макпетрол кажуваат дека долгоочекуваната анализата за екстра лесното гориво го потврди тоа што со години е познато – но дека и тоа не е доволно за преземање конкретни мерки од страна на државата.

Анализата на Министерството за финансии ги констатира злоупотребите што се прават со екстра лесното гориво со години – големата разлика во малопродажните цени помеѓу дизелот и екстра лесното мотивира одделни субјекти да го продаваат спротивно на постојните закони, односно да го користат како погонско гориво. Сепак, според Макпетрол тоа не е доволно за државата да преземе конкретни мерки, туку само предлага сет од три мерки.

Според Макпетрол, во моментов поради крајот на вонредната состојба и распуштеното собрание, не можат да се вршат законски измени, и дека со ова дополнително се продолжуваат можностите за злоупотреби на екстра-лесното гориво. Од Макпетролд додаваат дека со изедначување на акцизата на екстра-лесното гориво не само што ќе се обезбедат дополнителни средства во буџетот за справување со економската криза, туку дека ваквата одлука ќе демотивира понатамошни злоупотреби и ќе придонесе за зголемен квалитет на горивата и ќе ја заштити животната средина преку директно промовирање на горива во согласност со европските стандарди.

Извор: PR Макпетрол



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.