full screen background image
Search

РЕГУЛАТОРНА: Повторно се зголемуваат цените – горивата поскапуваат за денар, односно денар и половина!

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите цени на горивата – вечерва на полноќ цените се зголемуваат за денар, односно денар и половина.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1.98%.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 1.50 денари и еден литар 95-октански бензин од вечерва на полноќ ќе чини 59.50 денари.

Цената на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се зголемува за по 1.00 денари. Соодеветно на тоа, еден литар 98-октански бензин ќе чини 61.50 денари, додека еден литар дизел ќе чини 51.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат до следната пресметка на цените на нафтените деривати.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.