Протекоа првите фотографии од новиот Lexus IS! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Протекоа првите фотографии од новиот Lexus IS!

Lexus утре ќе го претстави новиот IS, но веќе протекоа неколку официјални фотографии од новиот јапонски луксузен седан.

Од она кое можеме да го видиме, Lexus ги задржува традициоалните, динамични пропорции на IS – долг преден дел, ниски стаклени површини и краток, остар заден дел со интегриран заден спојлер. Да бидеме искрени – нам ни изгледа одлично.

Можеме да препознаеме детали како од поголемиот ES (особено формата на задните светла), како и UX (обликот на предните светла и предниот браник) и целината ни изгледа навистина привлечно.

Кабината изгледа како темелно модернизирана верзија на кабината на сегашниот IS – препознаваме голем мултимедијален уред, редизајнирани отвори за климатизација и уште неколку други измени. Сепак, и во кабината – Lexus го задржува малку конвенционалниот пристап кон нештата.

Сега за сега нема никакви информации околу можните погони кои Lexus ќе ги вградува во новиот IS, ниту пак некакви посебни детали околу платформата – останува да бидеме трпеливи до утре за да ги имаме сите детали, а во меѓувреме – имаме само неколку фотографии!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.