Porsche евоцира детали од минатото со новиот 911 Targa 4S Heritage Design Edition – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche евоцира детали од минатото со новиот 911 Targa 4S Heritage Design Edition

Porsche најавува четири специјални Heritage Design модели, а првиот е токму 944 Targa 4S кој треба да се наврати на дизајнерските елементи на брендот од 50-тите и 60-тите години од минатиот век.

Надворешноста ја красат како специјалната Cherry Red Metallic бојата, така и златните обележја. Добива и специјални декоративни елементи над фаровите – кои всушност биле дел од тркачките бои на некои од тркачките автомобили на Porsche од минатото, а добива и специјална Porsche Heritage значка. Интересно, значките на предниот браник, управувачот, наслоните за главите и клучот од автомобилот се всушност знакот на Porsche од 1963-тата година, а истото класично лого ќе го најдете и на 20 и 21-инчните Carrera Exclusive Design тркала.

Понатаму, специјалистите од Porsche Exclusive Manufaktur посветиле внимание и на кабината – двобојната комбинација комбинира ретро-инспирирани материјали и детали кои влечат инспирација од 356 и се „во духот на модата од 1950-тите години“. Инструментите се во интересна зелена боја, а купувачите ќе добијат и специјален Porsche Design часовник.

Бидејќи специјалниот модел е базиран на 911 Targa 4S (повеќе тука), значи дека 3-литарскиот твин-турбо шест-цилиндерски боксер испорачува 450 коњски сили и 530 Nm вртежен момент – и овозможува забрзување до 100 километри на час за помалку од 3.6 секунди, како и максимална брзина од 304 километри на час.

Porsche Exclusive Manufaktur потврди дека производството ќе биде лимитирано на само 992 примероци наменети за целиот свет.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.