full screen background image
Search

Регулаторна: Горивата поскапуваат по 3.5 денари!

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите – повисоки – максимални цени на горивата.

Во согласност со трендовите на светските берзи и методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи дека од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата ќе се зголемат во просек за 8.51%.

Зголемувањето е исто кај сите горива – па цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се зголемуваат за по 3.50 денари за литар.

Тоа значи дека од вечерва на полноќ еден литар 95-октански бензин ќе чини 54.00 денари, еден литар 98-октански бензин ќе чини 56.00 денари, додека еден литар дизел ќе чини 45.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.