full screen background image
Search

Регулаторна: Бензините поскапуваат за половина, односно еден денар, дизелот поевтинува половина денар.

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите максимални цени на горивата, кои вечерва на полноќ ќе претрпат минимални измени.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.26%.

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 1.00 денари и еден литар 95-октански бензин ќе чини 50.50 денари. ЕУРОСУПЕР-98 поскапува за половина денар и еден литар 98-октански бензин ќе чини 52.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 0.50 денари и еден литар дизел гориво ќе чини 42.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.