Lexus го претстави првиот тетовиран автомобил! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lexus го претстави првиот тетовиран автомобил!

Јапонскиот производител на луксузни возила одлучи да го прослави „мајсторлукот“ на јапонските уметици со првиот тетовиран автомобил на светот.

Уметникот кој стои зад овој уникатен Lexus UX е лондонската тату-артистка Claudia De Sabe, а нејзино „платно“ беше целосно бел примерок на луксузниот компактен SUV.

Сепак, наместо со игла за тетовирање, таа користеше алатка за фина обработка на метал и направи дизајн на кој можеме да ги видиме препознатливите јапонски Кои риби (кои се всушност вид на крап). Кои рибите се препознатлив елемент од јапонската уметност и се симбол за добра среќа и истрајност.

За изработка на „тетовираниот“ Lexus UX биле потребни шест месеци, а Клаудиа го користела алатот за да ја отстрани бојата на автомобилот и потоа рачно да нанесе пет литри висококвалитетна боја за да ги истакне деталите. На крајот, рачно нанела детали од злато кои дополнително ги истакнуваат светлите елементи и на дизајнот му даваат подлабок, тродимензионален ефект.

„Кога тетовирате човек, морате да мислите на мускулите и ткивото под кожата. Со автомобилот, морав да размислувам на начинот на кој каросеријата менува форма над основата“ – изјави Клаудиа. На Клаудиа и помагаше нејзиниот сопруг, кој е роден во Јапонија – Јутаро. Клаудиа додаде дека „најдобрата работа околу тетовирањето на Lexus UX е неговата форма – линиите на страните, формата на прозорците – сè е толку динамично и убаво. Lexus UX беше одлично погоден како за дизајнот, така и за концептот.“

Ние минатата година го возевме Lexus UX – прочитајте го нашиот тест тука.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.