full screen background image
Search

Mansory Venatus е спортски „накитен“ Lamborghini Urus

Mansory претстави екстензивен пакет за дотерување на екстериерот и подобрување на перформансите на Lamborghini Urus.

Наречен Venatus, пакетот содржи широк бодикит, кој вклучува преден и заден спојлер, странични прагови, поклопец на моторот, ретровизори и додатоци на крилата, a сите набројани елементи се направени од јаглеродни влакна. Моделот може да се добие со два различни дизајни на алуминиумски ковани фелни, од кои едниот е со пет краци, а другиот со седум краци и подебел венец.

Под поклопецот се наоѓа 4.0-литарскиот твин-турбо V8 агрегат засилен на 810 кс и 1,000 Nm вртежен момент, што е за 160 кс и 150 Nm повеќе од стандардната избедба. Како резултат на ова, забрзувањето од 0-100 км/ч е намалено на 3.3 секунди, додека максималната брзина е зголемена на 320 км/ч.

Последните измени се однесуваат на ентериерот, кој исто како и екстериерот е речиси целосно обоен во сина боја со зелени детали и карбонски елементи. На седиштата и вратите се забележуваат нови текстури, додека на кровот се додадени и амбиентални светлечки украси.

 



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.