ПРЕМИЕРА: Koenigsegg Gemera е хиперкрузер со четири седишта! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Koenigsegg Gemera е хиперкрузер со четири седишта!

Шведскиот бренд го претстави новиот модел Gemera, кој нуди неверојатни перформанси и има простор за четири патници, заедно со нивниот багаж.

Gemera го следи дизајнерскиот јазик на Koenigsegg со изразена кабина во форма на јајце, каросерија формирана од заоблени површини со благи линии и големи предни, странични и задни отвори за вентилација. Тука се и карактеристичните врати кои се отвараат нагоре, а истите доаѓаат во поголеми димензии за да овозможат полесен пристап на патниците кон задните седишта.

Хиперавтомобилот е погонуван од plug-in хибридна конфигурација составена од 2.0-литарски три-цилиндарски твин-турбо бензински агрегат со 600 кс и 600 Nm вртежен момент, усогласен со три електрични мотори со заедничка сила од 1,100 кс, од кои два се поставени на задните тркала, додека третиот е монтиран на брегастото вратило на моторот. Оваа хибридна комбинација испорачува комбинирани 1,700 кс и 3,500 Nm вртежен момент.

Koenigsegg велат дека новата Genera е создадена да биде удобна за сите патници на долги патувања, но истовремено може да ги ‘остави позади’ повеќето хиперавтомобили, бидејќи моделот забрзува од 0-100 км/ч за само 1.9 секунди и има висока максимална брзина од 400 км/ч.

Бензинскиот мотор може да работи и на било кое обновливо гориво, од етанол, метанол или алкохол при што не ја загадува околината со јаглерод диоксид, исто како целосно електричен автомобил. Трите електрични мотори можат и самостојно да ја погонуваат Genera до 300 км/ч, додека чисто електричниот опсег е проценет на 50 километри.

Кабината на Gemera е опремена со многу елементи за поудобно патување. Таа доаѓа со предни и задни дисплеи за мултимедија, предни и задни полначи за телефони, Apple Carplay, WiFi интернет, 11 звучници со врвен квалитет, 4 светла за читање, три-зонски клима уред и по два држачи за чаши за секој патник.

Koenigsegg планира да ја пушти Gemera во ограничена продажба од само 300 примероци по цена од околу 1 милион долари. Мораме да признаеме дека ова е дефинитивно најинтересниот фамилијарен автомобил до сега. Зарем не мислите и вие така?

Поврзано:  ВИДЕО: Koenigsegg Jesko Absolut постави нов рекорд за 0-400-0 километри на час!


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.