Alpine подготви робустна верзија на A110 – концептот SportsX – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Alpine подготви робустна верзија на A110 – концептот SportsX

A110 SportsX влече инспирација од рели-натпреварувањата и зимските спортови – и добива ревидирана каросерија, повисока суспензија и мал милион други ситни детали.

Луѓето од Alpine кажуваат дека инспирацијата за A110 SportsX доаѓа од рели-верзиите на легендарниот A110, особено од автомобилот кој победи на Monte Carlo Rally во далечната 1973-та година.

Најзабележливите измени доаѓаат во форма на пошироката каросерија – која е поширока за цели 80 милиметри, како и повисоката (за цели 60 милиметри) суспензија. Меѓу другото, препознаваме и агресивен бодикит со нов преден браник, странични прагови, како и нов заден браник со странични отвори за воздух. Добиваме и двобојна комбинација, носач за скии, специјални тркала, итн.

Инаку, моторот останува истиот – па го добиваме истиот 1.8-литарски турбо-бензинец кој испорачува 252 коњски сили и 320 Nm вртежен момент. Немаме информации околу перформансите, но стандардниот А110 забрзува до 100 километри на час за 4.5 секунди и постигнува максимална брзина од 250 километри на час.

Од Alpine кажуваат дека овој уникатен модел не е за продажба, но не потврдуваат ниту пак негираат дали понатаму ќе видиме сериски модел базиран на оваа несекојдневна интерпретација.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.