full screen background image
Search

Bentley ќе се трка на мраз со специјален Continental GT

Bentley ќе учествува на специјална трка на мраз во Zell am See во Австрија – каде ќе настапи со специјално подготвен Continental GT.

Грандиозниот Bentley Continental GT користи 6-литарски твин-турбо W12 кој испорачува импозантни 635 коњски сили и 900 Nm вртежен момент. На суво забрзува до 100 километри на час за 3.6 секунди и постигнува максимални 333 километри на час. На мраз? Не знаеме, во благодарение на погонот на сите четири тркала и воздушната суспензијаи напредниот систем за елиминирање на навалувањето, сигурни сме дека перформансите нема да бидат за занемарување.

Зад управувачот ќе биде Catie Munnings, која е професионален рели-возач (се натпреварува во Junior WRC) и ќе биде првата жена која во поново време се трка за Bentley Motorsport.

Инаку, автомобилот е прилично блиску до стандарден – добива безбедносен кафез, противпожарен систем, тркачки седишта, поширока трага и нијанса повисока суспензија, специјални Pirelli Scorpion пневматици со шилци, дополнително осветлување, издувен систем од Akrapovic и уште неколку други ситници. Модификациите не се екстремни, но се доволни да го подготват овој луксузен мега-автомобил да се натпреварува на мраз.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.