Lexus подготви супер-ексклузивен примерок од LC 500 Convertible – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lexus подготви супер-ексклузивен примерок од LC 500 Convertible

Уникатниот примерок од LC 500 Convertible ја носи ознаката LC Inspiration Series Launch Exclusive 1 of 1 и ќе биде продаден на аукција, а собраните пари ќе бидат донирани во добротворни цели.

Специјалниот автомобил е во Structural Blue боја, со Liquid Platinum детали во страничните ретровизори и околу декоративните елементи на светлата. Покрај тоа, купувачот ќе добие специјални, 21-инчни ковани тркала со истата боја и контрастни црни детали, како и надградени сопирачки со сини шепи. Под поклопецот се крие 5-литарски V8 кој испорачува одлични 480 коњски сили и 540 Nm вртежен момент, кои се пренесуваат кон задните тркала преку 10-брзински автоматски менувач.

Интересен е и пакетот на „додатоци“ кој ќе го добие купувачот – урамена скица од автомобилот, фотографии од процесот на производство, како и специјален сертификат потпишан од главните инженери и менаџерот на фабриката каде автомобилот се произведува. Дополнително, ќе добие и обука за возење како дел од Lexus Performance Drive Experience која вклучува престој во ексклузивен хотел, и уште многу повеќе. Конечно, купувачот ќе добие и специјални куфери кои се направени токму за овој автомобил.

Аукцијата е закажана за петок, а собраните пари ќе бидат донирани во добротворни цели. Ние веќе имавме можност да го возиме LC, но во купе-изведба и со хибриден погон.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.