BMW испорача половина милион електрифицирани возила – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW испорача половина милион електрифицирани возила

Баварскиот бренд веќе испорача половина милион електрифицирани возила, а сака до крајот на 2012 да ја дуплира таа бројка!

Одговорниот за марркетинг во BMW – Себастијан Макенсен, му ги предаде клучевите на купувачот на еден посебен BMW 330e, додека Оливер Зипсе, еден од членовите на управниот одбор на BMW AG нагласи дека „половина милион возила е најдобриот доказ – нашиот широк спектар на електрифицирани возила ги исполнува барањата на купувачите. Сега ќе забрзаме – планираме да имаме еден милион електрифицирани возила во следните две години. Ова ќе биде нашиот придонес кон ефективна заштита на животната средина.“

Од следната година, BMW X3 ќе биде првото возило во BMW Group кое ќе се нуди со четири различни погонски верзии – со погон на дизел, бензин, плаг-ин хибрид или како целосно електрично возило. Најголем пазар за електричната верзија се очекува да биде Кина, а iX3 ќе биде првиот кој ќе ги види придобивките од најновата, петта-генерација на супер-економични електрични погони на германскиот бренд.

Во моментов, BMW Group нуди 12 електрифицирани возила, и имаат амбициозен план за во иднина – сакаат една четвртина од сите возила кои ќе ги продадат во Европа во 2021-вата година да бидат електрифицирани, една третина во 2025 и една половина во 2030. Ние неодамна го возевме плаг-ин хибридниот MINI Countryman – ѕирнете го нашиот тест.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.