full screen background image
Search

Регулаторна: Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

Регулаторна ги објави новите цени на горивата – бензините поскапуваат по половина денар, дизелот поевтинува еден денар.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.66%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуват за 0.5 денари по литар, и еден литар од овие горива од вечерва на полноќ ќе чини 68.50, односно 70.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 1 денар, и еден литар дизел гориво од вечерва ќе чини 61.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ, и ќе важат една седмица.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.