Новиот Mitsubishi L200 пристигна во Македонија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Mitsubishi L200 пристигна во Македонија

Новиот Mitsubishi L200 не само што воведува нов дизајн, добива и многу подобрувања и новитети во однос на минатата генерација.

Од Mitsubishi кажуваат дека L200 ги комбинира доверливоста и подобрените можности за возење како на асфалт, така и надвор од него, со комфорот на патнички автомобил.

Новиот L200 добива нов дизајн, кој луѓето од Mitsubishi го нарекуваат Rough & Tough. На предниот дел доминира големата маска, околу која се поставени големите светлосни групи. Ликот е значително подинамичен и поробустен – дури би рекле и погорд – во однос на минатата генерација, а сето тоа резултира со голем теренец кој нема да изгледа несоодветно дури и на места на кои вообичаено не би очекувале да го видиме.

Кабината добива ревидирани материјали, нов мултимедијален уред со навигација и уште мал милион други ситници кои го подобруваат комфорот. Европските купувачи добиваат нов, 2.2-литарски турбодизел кој ги задоволува WLTP протоколите. Моторот испорачува 150 коњски сили и 400 Nm вртежен момент, а се комбинира со мануелен менувач или нов 6-степен автоматски менувач.

Новиот Mitsubishi L200 можете да го погледнете во салонот на Мак Аутостар.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.