Голем интерес за електричниот Peugeot 208 – 25% нарачките се за e-208! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Голем интерес за електричниот Peugeot 208 – 25% нарачките се за e-208!

Францускиот бренд започна да го продава својот нов компактен хечбек – и луѓето од Peugeot се изненадени од големиот интерес за електричниот e-208.

Од Peugeot кажуваат дека очекувањата биле дека електричниот e-208 ќе учествува во вкупната продажба со околу 10% – но иницијалните нарачки се навистина за поздрав, бидејќи дури 25% од пред-нарачките се за електричниот хечбек.

Според Jean-Phulippe Imperato, од вкупно 40.000 заинтересирани купувачи, дури половина биле заинтересирани за е-208, а од потврдените пред нарачки дури една четвртина се за електричниот хечбек. Претседателот на Peugeot додаде дека „иако е рано да се очекуваат огромни бројки на продадени е-208, сепак изненадува иницијалниот интерес, кој делумно може да се препише на таканаречените early adopters.“

Инаку, електричниот Peugeot e-208 има батерија со капацитет од 50 kWh и според WLTP мерењата може да помине до 340 километри со едно полнење. Задолжен за задвижување на e-208 е електромотор кој испорачува 136 коњски сили и 260 Nm вртежен момент, кои пак овозможуваат забрзување до 100 километри на час за 8.1 секунда. Според Peugeot, иако електричниот модел е поскап за купување од конвенционалните, сепак вкупните трошоци за поседување на автомобилот се исти како кај 208 опремен со 1.2-литарски турбо-бензинец и автоматски менувач.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.