full screen background image
Search

Nissan Juke, Opel Corsa, Peugeot 208, Renault Clio и Škoda Kamiq ќе се борат за наградата AutoBest

Организацијата AutoBest ги објави финалистите кои ќе се борат за признанието AutoBest 2020.

Наградата MANBEST 2019, алејата на славните, посветена на најдобрите врвни менаџери што ги имаме во индустријата, отиде кај Михаел Лохшелер, извршниот директор на Opel. Како потврда за неговиот успех, тој во 2019 година беше назначен за член на управниот одбор на групата PSA.

A visitor looks at the specification details for a Geely NL-3 automobile, manufactured by Geely Automobile Holdings Ltd., sits on display at the Moscow International Automobile Salon 2016 in Moscow, Russia, on Wednesday, Aug. 24, 2016. Russian auto sales have continued to contract extending 2015’s steep decline. Photographer: Andrey Rudakov/Bloomberg via Getty Images

Годинешната COMPANYBEST 2019 награда отиде кај Geely Auto Group. Без сомнение, Geely е најбрзорастечката автомобилска компанија во светот во индустријата позната по тоа што е исклучително конкурентна и тешка и ова е огромно достигнување за компанија основана во 1986 година од страна на визионерскиот претседател Ли Шу Фу. Денес Geely поседува автомобилски брендови како што се Lotus, Volvo, Lynk & Co, LEVC, да именуваме неколку од нив, и 9,6% акции на германската икона Daimler AG. Geely е пионер на нови марки електрични возила и решенија за мобилноста, одличен пример за тоа што значи успех во денешниот подриен свет.

SPORTBEST 2019 отиде кај F1 легендата Ники Лауда. “Нашироко сметан за еден од најголемите F1 возачи на сите времиња, Ники Лауда беше трикратен F1 светски шампион, во 1975, 1977 и 1984 година. Тој беше единствениот возач во F1 историјата кој беше шампион и со Ferrari и со McLaren, двата најуспешни конструктори во овој спорт. После повлекувањето од трките, тој стана истакната личност во формула 1 работејќи како консултант прво за Scuderia Ferrari, а потоа како директор на тимот на Jaguar Formula One и неизвршен претседател Mercedes-AMG Petronas F1 тимот. Целиот негов живот беше посветен на инженерскиот напредок што ја смени формула 1 на начин кој дефинира какво натпреварување е денес. Заради тоа, во 2019-тата, годината кога почина на 70-годишна возраст, ние му оддаваме почит на Ники е како SPORTBEST од AUTOBEST победник”, рече Герхард Кунчик, истакнат член на AUTOBEST жирито кој ја претставува Австрија и еден од најискусните европски новинари што го следат мотоспортот. Ова е првпат во 19-годишната историја на AUTOBEST жирито да одлучи да ја додели наградата постхумно.

Престижната SAFETYBEST 2019 награда отиде кај Jaguar Land Rover за ClearSight Rear View Mirror и ClearSight Ground View технологиите. Jaguar Land Rover ги воведе овие револуционерни технологии за да помогне во подигнувањето на нивото на безбедност, како за возачот така и за патниците. Овие клучни технички достигнувања обезбедуваат вистински придобивки за купувачите. Дигиталниот ретровизор го редефинира концептот што остана речиси непроменет од воведувањето во 1921 година. ClearSight Ground View е прв во светот, реализирајќи инаку невозможна идеја за транспарентна хауба, отворајќи нови граници за безбедноста на и надвор од патот.

Членовите на AUTOBEST жирито претставуваат 31 европска земја што го прави најголемо независно жири во светот според бројот на застапени земји. AUTOBEST жирито посветува големо внимание на напорите на автомобилската индустрија. Инвестициите, новите можности за вработувања, средствата одвоени за зелени технологии и поддршката на различни региони на Европа се внимателно проверени и оценети од страна на жирито.

19-тата церемонија на доделувањето на наградите ќе се одржи во Мајнц, Германија, на 13-ти февруари 2020 година. Секоја година AUTOBEST Awards Gala манифестацијата ги обединува врвните директори на разни компании. Затоа и стана еден од единствените годишни европски настани каде конкурентите со големо задоволство се собираат на иста маса. AUTOBEST Awards Gala манифестацијата во последните 18 години еволуираше од истакната вечера на локации со пет ѕвездички до европски настан со уметнички содржини од светска класа, гурманско мени и уникатно големо финале на AUTOBEST Awards. Минатата година оваа манифестација се одржа во Брисел, Белгија.

Им честитаме на добитниците на признанијата, како и на финалистите, и на сите финалисти им посакуваме среќа во финалниот избор!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.