Мотоцентар го прослави својот 25-ти роденден! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Мотоцентар го прослави својот 25-ти роденден!

Нашите пријатели од Мотоцентар вчера во Александар Палас во Скопје прославија 25-годишно постоење.

Вчерашното дружење со Мотоцентар започна на тениското игралиште во рамките на Александар Палас, каде Моника Бошкоска – маркетинг менаџер во Мотоцентар – ја изрази својата гордост во однос на успехот на Мотоцентар, како и задоволството кое доаѓа од разните општествено-одговорни проекти на компанијата.

Мотоцентар поддржува неколку атлетски организации од нашата земја, Drive For Colon Cancer Awareness возењата, Distinguished Gentleman’s Ride иницијатавата која има за цел да промовира свесност околу машкото здравје, но и се долгогодишна поддршка на Игор Стефановски Иџе – нашиот најуспешен возач.

Истовремено, Мотоцентар ја искористи можноста да направи изложба на неколку генерации на легендарниот Porsche 911. Според Моника, врската меѓуMotocentar и Porsche 911 Carrera е лесно-препознатлива – „Пред 25 години започнавме како компанија со основна дејност продажба на гуми. Но, како и моделот Porsche 911 Carrera, еволуираме – се менувавме, адаптиравме, модернизираме според околностите, пазарот и побарувачката. А нашиот квалитет останува секогаш ист и препознатлив.”

Прославата продолжи со гала прием во Александар Палас, каде челниците на Мотоцентар имаа можност во одлична атмосфера да се дружат со своите соработници, партнери и пријатели.

Мотоцентар веќе најави дека по повод својот јубилеј, одобруваат дополнителни 5% cashback за сите купени пневматици во текот на овој месец. Ја користиме оваа прилика да им го честитаме јубилејот на нашите пријатели од Мотоцентар, и да им посакаме уште повеќе успех во иднина!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.